Top Sport

„Што треба да направи Леклер за да биде казнет?“ (Видео)

Возачот на Ред Бул Макс Верстапен, по трката за Големата награда на Јапонија бил лут на однесувањето на Шарл Леклер.

Стартот на трката, покрај беспрекорниот старт на Валтери Ботас, кој од третата стигна до првата позиција, го обележа и инцидентот кога Леклер го истурка од патеката Верстапен. Леклер иако го оштети својот болид остана на патеката, додека Верстапен се повлече.

Дирекцијата на трката соопшти дека инцидентот нема да биде под истрага.

„Одеднаш во кривината број два Шарл го удри мојот болид“, рекол Верстапен.

„Мислам дека не можев да направам ништо за да избегам од него. Не чуди што нема да покренат истрга. Мојот болид е уништен. Што уште треба да направи Леклер за да биде казнет? Ова беше неодговорно од негова страна“, заклучил младиот Холанѓанец.

Ботас победи на трката за Големата награда на Јапонија пред Фетел и Хамилтон, а Леклер заврши на шестото место. Мерцедес веќе ја обезбедија титулата кај конструкторите.

Scroll to Top