Top Sport

УЕФА покрена постапка против Турција

УЕФА во неделата соопшти дека ќе го разгледаат потегот на турските фудбалери кои со војнички поздрав на квалификацискиот меч за пласман на ЕУРО 2020 ги поздравија своите навивачи.

Турција во петокот ја победи Албанија (1-0), а мечот мина во сенка на она што го направија репрезентативците на оваа земја. Тие им салутираа на навивачите кога Тосун го постигна голот во 90 минута, што беше протолкувано како поздрав на турската војска, која од неодамна влезе во воена интервенција во Сирија, најмногу против курдските сили.

Дека поздравот бил наменет за турските војници во Сирија потврдија од Фудбалската федерација на Турција кога на „Твитер“ објавија фотографија со коментар дека победата е за „нашите храбри војници“.

Портпаролот на УЕФА, Филип Таусенд за италијанската новинска агенција Анса дека гестот не го видел, но се согласил дека тоа може да се смета за провокација.

„Дали ние не дозволуваме во спортот да ни се мешаат политиката и религијата? Да и ви гарантирам дека ќе ја разгледаме целата ситуација“, рекол Таусенд.

Турските воени авиони во средата започнаа да бомбардираат делови од Сирија каде што во најголем дел живеат Курди.

Scroll to Top