Top Sport

Шумахер бара нов тим

Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер, се уште нема договор со Хас за наредната сезона. Договорот на поранешниот шампион во Формула 2 со американскиот тим истекува на крајот од сезоната.

Мик Шумахер ја вози својата втора сезона во Формула 1. Во дебитантската сезона тој не освои ниту еден поен, во тековната, на 13 трки собра 12 поени.

Американскиот ЕСПН дознава дека менаџерот на Хас, Гинтер Штајнер, преговара за доаѓањето на Даниел Рикардо во тимот.

Австралиецот има разочарувачка сезона во Мекларен, но е под договор до 2023 година.

Веќе неколку месеци се шпекулира дека неговото место е загрозено за следната година, се вели дека англискиот тим ќе ја прекине соработката со него на крајот од сезоната.

Овој извор објави дека имало средба помеѓу Штајнер и Рикиардо за време на трката на Хунгароринг.

Доколку Хас се договори со Рикардо, тоа значи дека Мик ќе мора да го напушти тимот, бидејќи неговиот колега Кевин Магнусен има договор за наредната сезона.

Scroll to Top