Сезоната 2020, во Формула 1, ја обележа Луис Хамилтон. Британецот ја освои титулата, со што успеа да се изедначи на вечната листа, според бројот на шампионски титули, со Михаел Шумахер.
Неретко во светот на Формула 1 се водат дебати кој е подбар возач, Шумахер или Хамилтон?
На ова прашање одговорил и Нико Розберг, кој имач можност да вози со двајцата во Мерцедес. И не самот тоа, успеал да биде подобар од двајцата, од Шумахер од 2010 до 2012 година, а од Хамилтон во 2016 година, кога победи во борбата за титулата. Веднаш по таа сезона Розберг објави крај на кариерата.
„Шумахер е најкомплетниот возач. Поради начинот на кој го доживуваше овој спорт, мотивацијата која ја пренесуваше на целиот тим…Тоа е нешто по што тој беше посебен. Мислам дека тоа повеќе нема да се повтори во Формула 1“, рекол 35-годишниот Розберг.
„И Хамилтон е импресивен. Доволно е само да седне во болидот и веќе е брз. Тој е природен талент, возач од друга планета. Успеав да го победам во 2016 година. Дури сега ми е јасно каков успех постигнав“.
„Неблагодарно е да се говори кој е подобар. Јас би издвоил четири имиња, тоа се Хамилтон, Шумахер, Сена и Фанџо. Невозможно е да го изберете најдобриот, сите се биле неверојатни возачи“, заклучил Розберг.