Синот на Михаел Шумахер, Мик, можеби е само на четвртото место во Формула 3 шампионатот оваа сезона, но младиот Германец следната година ќе направи уште еден чекор поблиску до Формула 1.
Според германскиот весник „Келнер експрес“, последниот викенд Шуми Јуниор бил на „дружба“ со претседателот на ФИА, и поранешниот шеф на неговиот татко, Жан Тод и неговиот син Никола, познат менаџер на млади возачи и во исто време сопственик на АРТ тимот во Формула 2 шампионатот.
Трансфер во конкурентен тим како АРТ би бил совршена шанса младиот Шумахер да покаже дали има дел од талентот на неговиот татко, бидејќи Ф2 шампионатот е последна „станица“ пред Формула 1, а АРТ најверојатно оваа сезона ќе ја освојат титулата со Џорџ Расел зад воланот.