Top Sport

Шумахер: Toa што татко ми беше за Фетел, тоа е сега тој за мене!

Мик Шумахер, синот на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер моментно се натпреварува во Формула 2, но амбициите му се да настапува во друштво на најдобрите светски возачи.

Шумахер јуниоr призна дека пример му е Себастијан Фетел кој моментно вози за Ферари во Ф1.

„За него имам амо зборови со почит. Многу разговараме за се, ми дава совети. Toa што татко ми беше за Фетел, тоа е сега тој за мене! Јасно е дека ми е пример, би сакал да бидам како него“ –изјави младиот германски возач.

Шумахер оваа година оствари само една победа во Формула 2, на трката за Големата награда на Унгарија.

Scroll to Top