Top Sport

Касано: На Роналдо му се заканува 2-годишна казна оти предвреме си оди од стадион

Минатата недела во натпревар од фудбалската Лига на шамоиони, португалскиот ас, Кристијано Роналдо во дресот на торински Јувентус излезе од игра при резултат 1-1, а до крајот на мечот Јуве успеа да ги освои трите бода со голот на Диего Коста во 90 минута.

Истата приказна се повтори и синоќа во последниот меч од 12. коло во Серија А меѓу Јувентус и Милан. Тренерот на „Старата дама“, Маурицио Сари одлучи Португалецот да го извади од игра во 55 минута при резултат 0-0, а наместо него во игра влезе Аргентинецот, Паоло Дибала кој беше стрелец на единствениот гол на мечот, во 77 минута.

Роналдо не се грижи многу како ќе заврши мечот, па „Скај Спорт Италија“ потврди дека тој го напуштил стадионот во 87 минута.

Екс-италијанскиот фудбалер, контроверзниот Антонио Касано тврди дека Роналдо може да добие забрана за играње од две години.

„Си отишол пред крајот на мечот? Тоа не смее да се прави поради анти-допинг контрола“ – вели Касано.

Доколку тоа е вистина, португалскиот фудбалер би можел да се најде во големи проблеми.

Одбивање или избегнување на анти-допинг контролата би се казнило исто како и одбивање на тест за дрога.
Останува да се види дали ќе има санкции за ваквото однесување на Португалецот.

Scroll to Top