Top Sport

Шуми имал големи планови пред несреќата

Вили Вебер, поранешниот менаџер на легендарниот Михаел Шумахер, открил дека Германецот имал големи планови пред несреќата која му се случи на скијањсе во француските Алпи.

Несреќата во која Шумахер се здоби со тешки повреди се случи кон крајот на 2013 година, а оттогаш има малку информации за неговата состојба.

Вебер открил дека Шумахер имал големи планови поврзани со синот Мик.

„Михаел беше нервозен поради влегувањето на Мик во светот на Формула 1, сакаше да му биде менаџер. Тоа ќе беше сјајна приказна, сигурен сум дека ќе уживаше во таа работа“, рекол Вебер.

Инаку, Мик Шумахер, неодамна во Бахреин го тестираше болидот на Ферари.

Scroll to Top