Top Sport

Клоп: Што ќе направам ако Сити станат шампиони? Ќе им честитам

Три кола останаа до крајот на сезоната во Премиер лигата. Во борбата за титулата Манчестер сити имаат бод предност во однос на Ливерпул.

Сити, до крајот на сезоната ќе гостуваат кај Барнли, потоа ќе го пречекаат Лестер и во последното коло патуваат во Брајтон. Ливерпул најпрвин ќе го пречекаат Хадерсфилд, потоа гостуваат кај Њукасл и во последното коло на „Енфилд“ ќе играат со Вулверхемптон.

Секој кикс на еден од тимовите, на другиот му ги отвора шампионските порти. Се чини дека Сити синоќа со победата над Манчестер Јунајтед го направија решавачкиот чекор во одбраната на шампионската титула.

Ливерпул од друга страна 29 години ја чекаат шампионската титула. Германецот Јирген Клоп има можнст да влезе во клупската историја, но тој е свесен дека Сити се во подобра позиција.

„Што ќе направам акоо Манчестер сити ја освојат титулата? Ќе им честитам. Играат фантастична сезона. Констатнтно се добри, играат одлично“, рекол Клоп.

Scroll to Top