Top Sport

Шуми Јуниор: Роден сум да возам во Ф1

Мик Шумахер, синот на легендарниот возач на Ферари, Михаел Шумахер, смета дека е целосно подготвен за настапи во Формула 1 откако постојано ги подобрувал своите квалитети.

21-годишниот Шуми Јуниор е со мотоспортот во крвта, но мораше да го преземе вообичаениот пат до Ф1 – лани настапуваше во Формула 3 шампионатот, а оваа година е лидер во Формула 2 шампионатот на две трки пред крајот.

„Последните години имав цел да се развивам како возач и морам да кажам дека сум задоволен. Затоа мислам дека сум целосно подготвен за Формула 1. Задоволен сум што резултатите се добри и што имам силен тим зад мене“, вели Мик Шумахер.

Првичните најави дека ќе добие место во тимот на Алфа Ромео за следната сезона, но Кими Раиконен и Антонио Џовинаци беа потврдени за 2021, така што сега единствена реална опција е Хас Ф1, уште еден тим кој користи мотори на Ферари, иако шефот на тимот Матија Биното изјави дека конечната одлука не е донесена.

Тој требаше да има прв вкус на Ф1 болид на тренингот за трката во Нирбургринг со Алфа Ромео, но поради дождот сесијата беше откажана. Сега тој ќе добие втора шанса во Абу Даби.

„Ќе беше подобро да возев, но тоа беше добар викенд да се работи со Ф1 тим, да се разговара со инеженерите и да се добие претстава како функционира еден Ф1 викенд. Желбата да бидам Формула 1 секогаш ми била вродена и ќе дадам се за оваа цел“, додаде Шуми Јуниор.

Scroll to Top