Top Sport

Шуми Јуниор со две победи во два дена!

Мик Шумахер водеше од стартот до финишот во првата неделна трка во Нирбургринг за да стигне до својата петта победа во Европскиот Ф3 шампионат и втора овој викенд.

Синот на легендарниот Михаел Шумахер, со својот Према Теодор болид стартуваше од пол-позицијата, и и покрај повеќето излегувања на безбедносното возило ја контролираше трката за да стигне до 1-2 победа за неговиот тим пред колегата Роберт Шварцман. Третото место го освои возачот на Ред бу, Даниел Тиктам, кој сега има само 16 поени предност пред Шуми Јуниор во генерален пласман.

Шуми Јуниор ќе има шанси да стигне и до трета победа во третата трка во Нирбургринг од 15.40 часот, каде што исто така ќе стартува од пол-позицијата. Одличниот викенд доаѓа по вестите дека Мерцедес ќе му дадат шанса да тестира во ДТМ шампионатот, и шпекулациите дека веќе следната сезона тој ќе вози во Формула 2 шампионатот, последната станица пред Ф1, каде што неговиот татко освои седум титули.

Scroll to Top