Top Sport

Зоран Вулиќ по петти пат „спасител“ на Хајдук

Хајдук од Сплит денеска потврди дека по петти пат во својата кариера, Зоран Вулиќ е тренер на тимот од „Пољуд“ по бурната недела за клубот.

Вулиќ беше легенда на Хајдук и како фудбалер, а последен пат беше на клупата на клубот во 2007 година. Вулиќ има одиграни 417 натпревари и постигнати 84 голови за Хајдук, а покрај тоа играше и во Нант. Во 1994 година тој го постигна славниот гол над Загреб по кој ја освоија титулата со 1:0 победа, а следната година играше во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Тој првпат стана тренер на Хајдук во 1997 година, но си замина по последното коло. Три години подоцна тој повторно седна на клупата на својот клуб, за по пет години доминација на Динамо (тогаш под името Кроација) да ја донесе титулата во 2000/01. Потоа тој повторно замина пред да се врати во 2002/03, но уште еднаш не издржа цела сезона поради конфликт со управата на клубот. По лошата сезона 2016, тој прво стана тренер на младинскиот клуб, пред по оставката на Лука Боначиќ повторно да биде тренер. И тогаш не успеа да остане цела сезона.

Scroll to Top