Рускиот дебитант на Вилијамс, Сергеј Сироткин вели дека се обидува да не дава на значење на тврдењата дека плаќа за своето место во Формула 1, и се прашува откај медиумите ги добиваат тие информации.
Сироткин го „победи“ Роберт Кубица за испразнетото место во Вилијамс по пензионирањето на Фелипе Маса, потпишувајќи повеќегодишен договор. Повеќе британски медиуми оценија дека тој доаѓа со 15 милиони фунти спонзорски договор преку руската „СМП банка“.
„Не обрнувам внимание на имињата како ‘возач кој плаќа’. Луѓето пишуваат работи, но не ми е јасно откаде ги добиваат информациите. Ако знаете нешто, дадете факти, инаку се работи само за лага“, вели Сироткин.