Мексиканското ГП изминатиот викенд беше интересно не само поради битката на патеката, туку и поради одлуката на светските шампиони Ред бул и Макс Ферстапен да ги бојкотираат „Скај спортс“ поради „понижувачкиот“ коментар на искусниот новинар Тед Кравиц.
Кравиц во својата програма постави прашањ за легитимноста на првата титула на Ферстапен, оценувајќи дека поранешниот директор на трки, Мајкл Маси го „ограбил“ Луис Хамилтон. Поради ова, Ред бул реши да не дава изјави за „Скај спортс“ обвинувјќи ги за непрофесионализам и пристрасност, а самиот Ферстапен изјави дека „еден човек“ постојано покажува недостаток на респект за нивните остварувања.
Бојкотите на медиумите не се ништо ново во Формула 1, но на социјалните мрежи се појави уште една ситуација во која „Скај спортс“ покажува недостаток на почитување кон достигнувањата на Ред бул. Овојпат се работи за ситуација во 2013 година, кога Себастијан Фетел, кој победи на девет трки во низа таа сезона, по победаа се гушкаше со шефот на тимот, Кристијан Хорнеер, како и главниот дизајнер на тимот Адријан Њуи. Во таа ситуација, коментарот на Брандл и Крофт се дека „највредниот човек“ во Формула 1 е Њуи, а не човекот кој победил на девет трки, со порака дека возачот не бил многу важен.
Ред бул исто така беа бесни на „Скај“ на крајот на минатата година, кога нивната божиќна реклама беше критикувана бидејќи беше само успорена снимка од судирот на Ферстапен на Британското ГП кога беше истуркан од патеката од Луис Хамилтон.
A reminder that Sky Sports’ bias against certain drivers is nothing new
Take a look at how Vettel was treated back in 2013
Seb was just minutes after winning his 4th title, and yet here are Croft and Brundle saying this
The unprofessionalism is unacceptable and it needs to end pic.twitter.com/b4M2pHnsJN
— Matt 🇺🇸 | 🇧🇷BRAZIL🇧🇷 (@formulamatt3316) October 30, 2022
Ферстапен ги бојкотира „Скај спортс“ поради коментарот за „ограбената“ титула на Хамилтон
„Скај“ ја повлекоа рекламата во која Ферстапен излетува по протестот на Ред бул