Фото: Ратко Додевски/carclub.mk
Ѓорѓи Наков, Влатко Симоновски, Давид Малинковски и Души Перпарим ги освоија најдобрите стартни позиции по дивизии за утрешната кружна трка „Скопје круг 2017“.
Најдоброто време, 1:20.187 минути во „Дивизија 1“ го оствари Ѓорѓи Наков од АКК „Никола Карев“, втор беше Владимир Миличевиќ од АСК „Железник“ (1:20.407), а трет Димитри Кимовски од КВ „Рејсинг Краљево“ (1:20.574).
Зад нив следуваат Филип Џуклески, Филип Василевски, Никола Попевски, Михајло Лазаревски, Мартин Делев, Мартин Кралевски, Исмаил Османи (Косово), Коста Николовски и Марјан Ивановски.
Најдоброто време во „Дивизија 2“ го забележа Влатко Симоновски од АКК „Примо авј“ (1:12.082 минути). Тој зад себе ги остави Алекса Радојковиќ „Ауто Ројал“ (1:13.031) и Југослав Милошевски АКК „Никола Карев“ (1:13.653).
Зад најдобрите тројца ќе стартуваат Васил Тодоров, Арбер Реџепи, Спирко Петрушевски и Гојко Младеновски.
Во „Дивизијата 3“, во квалификациите најдобар резултат имаше возачот на АКК „Кастум Кар Рејсинг“, Давид Малинковски (1:16.009 минути), втор беше неговиот клупски колега Зоран Делев (1:18.601), а трет Деан Георгиевски АКК „Примо авј“ (1:19.675). Потоа следуваат Албан Бериша, Бојан Тодоровски, Мартин Делев и Бурим Аслани.
Косовецот Перпарим Души од „Касандоли РТ“ со време 1:14.110 беше најбрз во „Дивизија 4“. Зад него се Благоја Димитровски „Автоклиника“ (1:14.124) и Урош Бркиќ „АС Галакс“ (1:14.265).
По нив следуваат Ненислав Петковиќ, Екрем Мемиши, Дејан Илиќ, Амет Орхан, Даниел Младеновски, Тодор Исаиловски, Реџеп Битици, Куструм Мемети и Саво Јаничевиќ.