По успешната организација на кружниот авто-натпревар „Скопје 2018“ во октомври, кој се бодуваше во шампионатот на Македонија на кружни патеки и ЦЕЗ, „АКК Примо авј“, најавува уште една трка, што ќе се вози на патеката лоцирана на булеварот „Гоце Делчев“, во појасот Судска палата – Скопски саем и паркингот пред ВИП.
Кружната трка „Скопје 2018 ноември“ што ќе се вози на 18.ноември е последна за оваа сезона во календарот на кружни патеки.
Покрај домашните возачи, најавено е учество и на гости од странство.
За натпреварот ќе важат одредбите од Правилникот на АФМ за авто-трки на кружни патеки и посебниот правилник на натпреварот.
фото: facebook