Top Sport

Венгер демантира дека се договорил со Милан

Арсен Венгер, поранешниот тренер на Арсенал, се огласил по повод шпекулациите дека тој ќе го наследи Џенаро Гатузо на клупата на Милан.

Венгер не работи во струката откако по завршувањето на сезоната го напушти Арсенал. Овој 66-годишен тренер 22 години ги предводеше „топџиите“.

„Ме селите насекаде низ светот откако сум без работа. Не слушајте вакви озборувања. Ќе работам од наредната година, а каде и самиот се уште не знам. Да знаев ќе ви кажев“, рекол Венгер.

Францускиот тренер жестокот ги демантирал тврдењата дека во земската пауза ќе го преземе Милан.

„Можам само да ви кажам дека лажни се тврдењата дека имам договор со Милан. Ќе ви кажев доколку имам потпишано некаков договор. Во моментов сум фокусиран само на договорот со ‘Би Ин спорт’, а тоа не е лесна работа“, рекол Венгер.

Scroll to Top