Top Sport

Славниот „Аутоспорт“ ќе престане да излегува по 70 години!

Славниот мотоспорт магазин „Аутоспорт“ ќе престане да излегува во печатено издание по седумдесет години, ставајќи крај на магазинот кој едуцираше милиони фанови, возачи и ентузијасти.

„’Моторспорт нетворк’ ќе престане со печатењето на британскиот ’Аутоспорт’. Се очекува да се затворат и сестринските магазини ’Ф1 рејсинг’ и ’Моторспорт њуз’“, се вели во соопштението на „Моторспорт“.

Според последните податоци, „Аутоспорт“ имаше неделен тираж од 15.480 во 2018, додека „Ф1 рејсинг“ беше попродаван со 27.553 примероци. Првиот број на „Аутоспорт“ излезе во 1950 година, паралелно со стартот на Ф1 шампионатот, и во него се покриваа сите поважни мотоспортови од Ф1 до британските локални трки.

Scroll to Top