Top Sport

Како изгледа нога на велосипедист по тренинг! (вознемирувачко фото)

Словенечкиот велосипедист Јанез Јани Брајкович на социјалните мрежи објави навистина вознемирувачка фотографија од неговата нога пред неговото враќање на велосипедизмот по едногодишна пауза.

35-годишниот Брајкович се врати на Трката околу Хрватска, откако претходно во една година откри дека има проблеми со исхраната и доби едногодишна суспензија. Брајкович, кој има топ 10 пласман на Тур де Франс и победа на Критериум ду Дофин, откри дека има булимија откако имаше позитивен тест на стимулантот метилхексанеамин во јули 2018, средство кое се наоѓа во додатоците за исхрана.

УЦИ го одобри неговото објаснување за проблемот и тој доби само 10-месечна суспензија, која му заврши на 1 јули 2019 година.

View this post on Instagram

It's only about not fucking it up now ?

A post shared by Jani Brajkovic (@janibrajkovic) on

Scroll to Top