Судирот меѓу Кими Раиконен и Луис Хамилтон на стартот на Британското ГП го натера Британецот да ги обвини Ферари дека имале „чудна стратегија“ да го „елиминираат“, по што во дискусијата се вмеша и сопругата на Раиконен, Минту.
Хамилтон, но и шефот на Мерцедес, Тото Волф веруваа дека Раиконен намерно се удрил во него, за Себастијан Фетел да има слобода на првото место. Фетел на крајот победи за да се одвои на осум поени од Британецот, кој заврши на второто место.
Минту Раиконен, која е омажена за Финецот од 2006 година не сакаше ова да помине без коментар.
„Ако плачеш како девојче кога ќе загубиш, тогаш оди на балет. Само кажувам“, напиша Минту на Инстаграм.
Таа подоцна го отстрани постот, но во дискусија со навивач на Хамилтон додаде:
„Да бидам јасна, не зборувам за возачот, туку за тимот кој плачеше како некој да направил нешто намерно. Не, тоа не беше намерно. Тоа се вика тркање“, додаде Минту Раиконен.
Lewis Hamilton more or less accuses the Ferrari’s of deliberately knocking him & Valteri Bottas this season.
Seb Vettel & Kimi Raikkonen both deny the accusation & brand Lewis as ‘silly’.
Interesting season we have ahead pic.twitter.com/8QBzqzY5tE
— Soogi Katende (@SoogiKatende) July 9, 2018
Хамилтон се обиде да ја намали тензијата со изјава на Инстаграм.
„Ви благодарам што ме сакате со сите мои мани. Знам дека не сум совршен. Бидете добри денеска и не давајте многу на мислењето на другите. Кими се извини, јас го прифатив тоа и одиме понатаму. Се работеше само за тркачки инцидент. Понекогаш кажуваме глупави ср.ња и учиме од тоа“, напиша Хамилтон.
Во Ферари обвинувањата за ваква тактика ги отфрлија со лутина, а шефот на тимот Маурицио Аривабене најмногу беше лут на нивниот поранешен вработен, а сега технички директор на Мерцедес, Џејмс Елисон, откако прво него го цитираше Волф.
„Да ги искористам зборовите на Џејмс Елисон, или се работи за намерен инцидент, или за некомпетентност“, изјави Волф по трката.
Елисон беше технички директор на Ферари до 2016 година и Аривабене не беше импресиониран.
„Треба да му е срам, бидејќи самиот работеше многу години во Маранело. Доби и добра сума пари од Маранело. Мора да знаеш и да загубиш со елеганција. Тука сме во Англија и понекогаш сакаат да не учат како да бидеме џентлмени. Тој треба да почне прво. Ова е лекција за нас да останеме со класа. Нешто што во Мерцедес не го направија“, вели Аривабене.