Top Sport

Сордо со сензационална победа на Сардинија

Возачот на Хјундаи, Шпанецот Дани Сордо е сензационален победник на Италијанското рели, откако во последната етапа на трката, естонскиот возач на Тојота, От Танак го загуби електронското управување.

Танак влезе во пауер-етапата со 26.7 секунди пред Сордо, но на крајот падна на петтото место откако се изврте со својот автомобил и загуби повеќе од две минути. Шпанецот на крајот стигна до втората победа во ВРЦ шампионатот со 13.7 секунди предност пред Тему Сунинен (М-Спорт Форд), во првата трка со Јармо Лехтинен како со-возач. Андреас Микелсен беше трет.

Сордо водеше по првиот ден на Сардинија, но беше поминат од Танак, кој победи на сите шест саботни етапи. Танак одеше на трета победа во низа. И покрај ова, Естонецот останува лидер во генерален пласман со четири поени пред Себастиен Ожие (М-Спорт), додека седум поени заостанува Тјери Нојвил (Хјундаи). Ожие освои четири поени во пауер-етапата, откако двапати ја скрши предната оска на автомобилот, додека Нојвил на крајот беше шести.

Scroll to Top