Top Sport

Спектакуларен спринт во Тексас – Мартин победи, Маркез, Диџа и Бецеки не ја завршија трката

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, постигна спектакуларна победа, во спринт трката во Остин, Тексас.

Мартин, кој зад себе има кошмарна сезона, ја оствари својата прва спринт победа во Остин од трката во Малезија во ноември 2024 година.

Шпанецот, на половина од последниот круг успеа со храбар маневар да го престигне Франческо Бањаја и со тоа го презеде водството во генералниот пласман за прв пат откако ја освои титулата пред 18 месеци.

Бањаја ја помина целта како втор, седум и пол десетинки зад Мартин, а на двајцата им се придружи на подиумот Педро Акоста од КТМ рејсинг.

Покрај апсолутната доминација на Бањаја, кој имаше неверојатн стерт и од четвртото веднаш се проби на првото место, спринтот беше обележан со катастрофална грешка на бранителот на титулата Марк Маркез. Возачот на Дукати имаше голема борба со Фабио ди Џанантони за третото место во првиот круг, ја загуби позицијата, а кога се обиде да возврати, ја изгуби контролата падна и со себе го повлече и Италијанецот.

На исходот од трката влијаеше и патувањето на возачот на Априлија, Марко Бецеки, многу брзо откако го престигна Мартин во борбата за второто место. Италијанецот, самиот се исфрли од трката, направи почетничка грешка на три круга до крајот.

На овој начин, Бецеки му го препушти првото место во шампионатот на тимскиот колега Мартин.

Иако до последниот круг се чинеше дека Бањаја ќе победи, сепак гумите го решија победникот. Бањаја позади имаше мека, а Мартин средно-мека компонента.

Трката за Големата награда на САД, во кралската класа, утре ќе започне во 22 часот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');