Техничкиот директор на Формула 1 тимот Форс Индија, Отмар Шафнауер признава дека тимот е под притисок да го смени името на тимот.
Сопственикот на Форс Индија, Виџај Малја е обвинет од страна на индиските власти за корупција и затајување данок, но Индиецот постојано демантира дека планира да го тргне името „Индија“ од тимот за да привлече повеќе спонзори.
Едно од предложените имиња беше „Форс Уан“, но новите сопственици на Формула 1 го блокираа тој предлог бидејќи името може да биде скратено на „Ф1“, а други опции се блокирани поради регистрирањето од страна на други тимови. Шафнауер вели дека спонзорите не сакаат да бидат идентификувани со Индија.
„Да, неколку потенцијални спонзори јасно ни порачаа дека ако не го смениме името, нема да работат со нас. Сакаат ако спонзорираат тим да не спонзорираат некој кој е поврзан со нација. Уште немаме одлука“, вели Шафнауер во интервју за „Ситизен“.