Top Sport

Спонзорите на Латифи го спасуваат Вилијамс Ф1

Славниот британски Ф1 тим, Вилијамс го потврди партнерството со производителот на кафе „Лаваца“ пред сезоната 2020, откако нивниот нов возач, Никола Латифи имаше долгорочно партнерство со компанијата.

Ова е втор спонзор за Вилијамс во последните неколку дена, откако канадскиот производител на храна „Софина“ го продолжи договорот, а оваа компанија е исто така партнер на Канаѓанецот Латифи, односно е во сопственост на неговиот татко. Претходно, Вилијамс во 2018 го загубија главниот спонзор Мартини, како и рускиот спонзор СМП (кој го поддржуваше Сергеј Сироткин). Во 2019 година, Роберт Кубица донесе нов спонзор во полскиот „ПКН Орлен“, но и тие заминаа по заминувањето на Полјакот.

Како убедливо најлош тим во 2019 година, со само еден освоен поен во 21 трка, еднаш славниот тим мора да се бори за спонзори ако сака да го преживее преодниот период до 2021 година. Дури и со селери-кап од 175 милиони долари за 2021, тимови како Вилијамс не можат да стигнат до оваа сума доколку немаат големи спонзори.

Scroll to Top