Top Sport

Јунајтед го сакаат Ван де Бек, ќе мораат да платат богатство за него

Оле Гунар Солскјер сака да го донесе фудбалерот од средниот ред на Ајакс, Дони ван де Бек на „Олд Трафорд“ во јануари, тврди „ЕСПН“ и бара потпретседателот на клубот Ед Вудвард да обезбеди засилувања во јануарскиот преоден рок, откако и покрај многуте шпекулации никој не потпиша за „ѓаволите“.

По поразот од Манчестер сити во Карабао купот, Солскјер изјави дека „ако не е вистински договор, нема да носиме засилувања“, во обид да се избегнат грешките од последните неколку сезони, но откако не успеаја да го донесат Ерлинг Халанд од Салцбург (кој замина во Борусија Дортмунд), Ван де Бек е реална опција бидејќи Ајакс не успеа да се квалификува за нокаут фазата во Лигата на шампионите.

22-годишниот Ван де Бек, кој покрај Матијс Лихт и Френки де Јонг беше клучниот играч минатата сезона за „копјаниците“ и нивниот пласман во полуфиналето на ЛШ, сигурно ќе ги чини скапо, бидејќи холандскиот шампион не би сакал договор под 50 милиони фунти.

Одамна е јасно дека Јунајтед имаат приоритет да најдат фудбалери од средниот ред во летниот преоден рок, и Ван де Бек, кој знае да тргне во напад од средината (има 8 гола во 26 меча) е уште еден бонус за него.

Scroll to Top