Top Sport

Спонзорот на Михаел Шумахер ќе ја поддржи и кариерата на неговиот син

Долгогодишниот личен спонзор на Михаел Шумахер, компанијата „ Deutsche Vermögensberatung“, ќе ја поддржи и кариерата на неговиот син, Мик, кој во Формула 1 ќе дебитира оваа сезона во болидот на Хас.

21-годишниот Мик, во мото-спортот, се етаблира како шампион во Формула 3 и Формула 2.

Соработката на семејството Шумахер со оваа инвестициска компанија започна во 1996 година, по преселбата на Михаел во Ферари. Од тој момент логото на „Deutsche Vermögensberatung“, секогаш било со него.

Со овој спонзор, како возач на Ферари, Михаел освои пет шампионски титули.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 28.март во Бахреин.

 

Scroll to Top