Top Sport

Оладипо одбил 45 милиони долари

Виктор Оладипо не сака да остане во Хјустон Рокетс. Овој плејмејер, на почетокот на сезоната, пристигна во Хјустон, како дел од трејдот за Џејмс Харден, во кој покрај Бруклин Нетс и Хјустон Рокетс учествуваа и Индијана Пејсерс.

Хјустон на поранешниот Ол-стар, му понудиле двегодишен договор „тежок“ 45,2 милиони долари.

Според американските медуми, спорна била должината на договорот, плејмејкерот барал договор на четири години.

Актуелниот договор, кој Оладипо го потпиша како играч на Индијана Пејсерс, истекува по завршувањето на сезоната. Оладипо потоа самиот ќе може да избере каде ќе ја продолжи кариерата.

Scroll to Top