Foto/ EPA
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на последната спринт трка во сезоната, која се возеше во рамките на Големата награда на Бразил.
Трикратниот светски шампион по четврти пат се најде на највисокото скалило на подиумот во спринтот на „Интерлагос“. Сезонава во спринт трките Ферстапен не победи само во Азербејџан и Катар, кога победија неговиот тимски колега Серхио Перез и Оскар Пјастри во Мекларен.
Холандскиот возач беше незапирлив во Сао Паоло, а целта ја мина со четири секунди предност пред возачот на Мекларен, Ландо Норис. На третото скалило на подиумот се најде Серхио Перез.
Не му требаше многу време на Ферстапен да ја заземе првата позиција по стартот – Норис реагираше побрзо, но возачот на Ред Бул го нападна веќе во првиот свиок и потоа успеа да се одлепи. Недолго потоа, Британецот остана без второто место, бидејќи Џорџ Расел брилијантно се проби пред Перес, а потоа и го мина и Норис, но неговиот сонародник од Мекларен во петтиот круг и од тој момент беше јасно дека второто место е негово. На половина од трката, возачот на Мекларен успеа да остане околу една секунда зад Ферстапен, но потоа таа разлика се зголеми.
Перез се бореше со Расел за третото место, а интересна борба се водеше зад нив. Сепак Британецот успеа да се задржи на четвртата позиција до крајот.
Зад нив се водеше голема борба, Шарл Леклер во Ферари беше најдобар, додека возачот на Алфа Таури Јуки Цунода направи големо изненадување освојувајќи го шестото место, во дуелот со седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон. Последниот бод му припадна на Карлос Саинц Јуниор во второто Ферари, а меѓу првите десет се најдоа и другиот возач на Алфа Таури, Даниел Рикиардо и Оскар Пјастри во Мекларен.
Утре од 19 часот на патеката Интерлагос се вози трката за Големата награда на Бразил.