Top Sport

„Среќен сум што го вратив презимето Шумахер во Ф1“

Новиот возач на Хас, Мик Шумахер, рекол дека е среќен што неговото славно презиме повторно ќе биде дел од Формула 1. Синот на легендарниот Михаел Шумахер, сезонава ќе дебитира во Формула 1.

„Тое дава чувство на мотивација и гордост. Среќен сум што сум тука, среќен сум што го вратив презимето Шумахер во Ф1. Докажав дека можам да возам тркачки автомобил, дека немам никаков притисок“, рекол 22-годишниот Мик.

Таткото на Мих, Михаел Шумахер, во кариерата седум пати бил светски шампион.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне викендов, во Бахреин.

Scroll to Top