Top Sport

„Стариот“ Ферстапен се враќа на тркањето

Јос Ферстапен, поранешниот Ф1 возач и шампион од 24 Часа Ле Ман во 2008 година, на денешната публика попознат како татко на асот на Ред бул рејсинг, Макс Ферстапен, се враќа на тркањето, откако беше потврдено дека ќе се натпреварува на трката 24 Часа Дубаи во јануари.

Негов партнер ќе биде Тјери Вермеулен, синот на менаџерот на неговиот син, и најверојатно ќе возат Порше 992 911 ГТ3 автомобил. Ова ќе биде прва трка на Ферстапен Сениор по речиси една деценија, откако последен пат се тркаше на Баку сити челенџ трката со БМВ З4 во 2012 година.

Јос Ферстапен неодамна заврши во болница со проблеми со стомакот, откако додека траеше Холандското ГП во Цандфорт, каде што неговиот син стигна до славна победа, му се слошило додека ја гледал трката на телевизија.

„Малиот“ Ферстапен победуваше, таткото Ферстапен заврши во болница

Scroll to Top