Top Sport

УЕФА му нареди на Интер да ја тргне „змијата“ од дресот!

УЕФА бизарно побара од Интер да отстранат делови од дизајнот на нивниот гостински дрес во Лигата на шампионите, вклучувајќи ја змијата која го симболизира градот Милано.

Дресот треба да ја претставува змијата „Biscione“, која се наоѓа во грбот на Милано, од предниот и од задниот дел, но тој детаљ го нема на денешниот меч со Шахтјор Доњецк.

Според италијанските медиуми, ова го побарала УЕФА, како и тргањето на дел од написот на предниот дел на дресот, на кој пишува „$INTER Fan Token“ без додатокот „By Socios.com“.

Ова не е првпат УЕФА стриктно да ги практикува правилата за дресовите, откако на спектакуларниот дрес на Ајакс со мотивот од песната на Боб Марли мораа да бидат отстранети трите птици.

УЕФА им нареди на Ајакс да го сменат дресот инспириран од Боб Марли

Scroll to Top