Top Sport

Стјуарт: Доста е, време е Хамилтон да се пензионира

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон би требало да размисли за повлекување по крајот на сезоната, бидејќи и така ќе остане впишан во историјата како еден од најдобрите возачи, смета трикратниот Ф1 шампион, Сер Џеки Стјуарт.

Хамилтон и Мерцедес имаат лош старт на сезоната 2022, со многубројни проблеми со дизајнот на болидот, и далеку зад Ферари и Ред бул.

„Време е! Сигурен сум дека ќе биде успешен и во понатамошниот живот, бидејќи заработи многу пари, со право бидејќи е еден од најдобрите на светот. Луис е во група со Аиртон Сена и Алан Прост, можеби дури и со Џеки Стјуарт. Штета што не сопре кога беше на врвот, но мислам дека сега нема да се слчи такво нешто. Сега се мачи бидејќи има нов колега кој е побрз во квалификациите од него, и сигурен сум дека тоа го мачи“, вели Стјуарт.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');