Top Sport

Интер може да го казнат Чалханоглу за интервјуто во кое го обвинува Инзаги

Според италијанските медиуми, Интер може да го казнат нивниот фудбалер Хакан Чалханоглу по неговото контроверзно интервју зо турскиот „Тивибу спор“, во кое го критикуваше тренерот Симоне Инзаги, но посебен бес беше резервиран за поранешниот соиграч од Милан, Златан Ибрахимовиќ.

Во интервјуто, Чалханоглу посочи дека „погрешните“ замени на Симоне Инзаги во последното дерби на Милано придонеле за поразот, иако подоцна мораше да го демантира тоа.

„Очигледно, дел од моите зборови беа погрешно интерпретирани од дел од медиумите. Никогаш не сум критикувал ниту еден тренер, посебно Мистер Инзаги, кого го сметам за еден од најдобрите и кој ми ја даде шансата да заиграм за Интер. Ако имавме добра сезона и освоивме два трофеи, тоа е негова заслуга“, се објаснуваше Чалханоглу.

Според „Ла газета дело спорт“, Чалханоглу го информирал Интер за интервјуто, но тоа не било добро прифатено од шефовите на тимот и тој може да добие финансиска казна.

Чалханоглу: Интер е многу посилен од Милан, Златан е престар за глупостите кои ги прави

Scroll to Top