Top Sport

Стомачен вирус му создава проблеми на Ферстапен

Пристигнувањето на Макс Ферстапен на трката за ГН на Саудиска Арабија во Формула 1 е одложено поради болеста што го погоди светскиот шампион. Возачот на Ред Бул последните неколку дена боледуваше од стомачен вирус, поради што се уште не отпатувал во Џеда.

dobivaj vesti na viber

ФИА му дозволи на Ферстапен да го пропушти медиумскиот ден во четврток во Саудиска Арабија, но тој треба да пристигне во меѓувреме за да може да биде подготвен за денот на отворањето на тркачкиот викенд во петок.

Се очекува тој доцна вечерва да пристигне во Саудиска Арабија.

Самиот Ферстапен на социјалните мрежи објави дека не трпи никакви последици од болеста и дека не се сомнева дека ќе биде подготвен.

Трката за Големата награда на Саудиска Арабија е на програмата во недела од 18:00 часот по средно-европско време.

Scroll to Top