Top Sport

Страотен судир на Мик Шумахер во Монако – болидот преполовен, возачот е океј!

Ф1 трката во Монако славно се споредува со „возење на велосипед во дневна соба“, но дека може да биде опасно на улиците на малото кнежевство попладнево најдобро дозна Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумхер.

Трката едвај започна по повеќе одложувања поради силниот дожд, за возачот на Хас во 27. круг да ја загуби контролата на болидот и да се удри во бариерата, по што болидот му беше буквално преполовен. За среќа, тој преку радио-комуникацијата порача дека е во ред, а потоа и самиот излезе од болидот.

Scroll to Top