Натпреварувањето во автокрос во Тулово, Белорусија заврши со хаотични сцени, откако едно баги удри во група на судии кои стоеја во близината на патеката.
Возачот, кој очигледно ја загуби контролата, немаше време да ги избегне двете официјални лица и ги удри со целосна брзина. Тие веднаш беа однесени во болница, и според руските медиуми еден од нив добил повреда на ’рбетот. Возачот поминал без никакви повреди.