Top Sport

Рос Баркли ги остранил тетоважите за да се фокусира на фудбалот

Фудбалерот на Челси и на англиската репрезентација, Рос Баркли ја врати формата под Маурицио Сари на „Стемфорд бриџ“, но загуби нешто што вели дека му пречело – неговите тетоважи.

24-годишниот Баркли, кој дојде во Челси од Евертон, го постигна израмнувачкиот гол во 2:2 трилер-ремито со Манчестер јунајтед, 13 дена откако го постигна првиот гол за клубот при 3:0 победата над Саутемптон. На прашање на новинарите зошто исчезнаа неговите тетоважи, тој беше јасен.

„Ги ставив кога бев многу млад, а кога си млад правиш глупави работи и не размислуваш за тоа. Влегов пребргу и во текот на годините почнаа да ми пречат. Првпат се тетовирав на 14 години, и бев премлад. Не велам дека нема повторно да се тетовирам, можеби кога ќе имам деца, но сега не можам да дадам одговор“, вели Баркли.

Scroll to Top