Top Sport

Строл: Не ги слушам „хејтерите“

Канадскиот дебитант во Ф1, Ленс Строл вели дека би си дал оценка „8.5 од 10“ за својата прва Формула 1 сезона и покрај критиките на многумина, кои сметаат дека тој е во спортот само поради милијардите на неговиот татко.

19-годишниот син на милијардерот Лорес Строл, беше остро критикуван од неговиот сонародник, светскиот шампион од 1997 година, Жак Вилнев, кој неодамна изјави дека Строл воопшто не се подобрил оваа година.

„Ако погледнам на сезоната, имаше доста предизвици, посебно на почетокот, но имаше и добри моменти. Бев на подиумот, бев во првиот ред. Секогаш има простор за подобрување, така што не би си дал десетка сигурно. 8.5 можеби“, вели Строл во интервју за германскиот магазин „Ауто мотор унд спорт“.

Строл, кој оваа година беше колега со Фелипе Маса како ментор, следната сезона ќе добие нов колега, за кој Вилнев даде посебна критика – ќе изберат некој кој ќе биде поспор.

„Не се фокусирам на тоа што кажуваат или пишуваат за мене. Не ги читам весниците и не ги слушам ’хејтерите’. Важно е да си со студена глава во Формула 1. Не се сомневав во моите квалитети бидејќи ова е моја прва сезона, а исто така сум млад. Покажав дека можам да победувам во другите серии, а сега ми треба да раснам со спортот“, додава Строл.

Scroll to Top