Top Sport

Тага во тенискиот свет, почина Јана Новотна

По долга и тешка болест, на 50-годишна возраст почина легендарната чешка тенисерка Јана Новотна. Изминатите неколку години Новотна се бореше со канцерот, а во неделата ја загуби најважната животна битка.

„Јана им беше инспирација на теренот и надвор од него на сите оние што имаа можност да ја запознаат. Нејзината ѕвезда секогаш ќе свети во историјата на ВТА“, рекол извршниот директор на ВТА, Стив Сајмон.

Новотна во 1998 година ја освои најголемата титула во кариерата кога во финалето на Вимблдон ја победи Натали Тозија.

Многу повеќе успех на гренд слем турнирите имаше во дабл. Таа во кариерата освои 12 гренд слем титули во дабл (четири на Вимблдон, по три на САД опен и „Ролан Гарос“ и две на Австралија опен).

Во сингл Новотна освоила 24 ВТА-титули, а во дабл 76. Со репрезентацијата на Чехословачка во 1988 година го освои Фед-купот, а во колекцијата на трофеи има и два сребрени и еден бронзен медал од олимписките игри.

Во Куќата на славните влезе во 2005 година.

Scroll to Top