Возачот на Вилијамс, Ленс Строл вели дека неговиот тим „преживува“ наместо да се трка по тешкиот старт на новата сезона.
Канадскиот возач ја заврши неделната трка на 14. место од 15 болиди кои ја завршија и зад дебитантот на Заубер Шарл Леклер. Трката само ги покажа проблемите на тимот, со постојани проблеми со балансот и со ладењето на моторот.
„Не се тркаме во моментов, туку сасмо преживуваме. Во првиот круг имав проблем со модот на моторот и веднаш предадов позиција. Од тој момент само се мачевме со брзината. Болидот не соработуваше како што сакавме и цела трка ја менаџирав температурата. Немав шанси да се тркам. Реално, тешко е да се каже дека имаме само еден проблем“, вели Строл.
Колегата на Строл, дебитантот Сергеј Сироткин се откажа по само пет кругови поради порлбеми со сопирачите. Техничкиот директор на тимот, Педи Лоув признава дека има проблеми.
„Треба да ја анализираме трката подетално, но нормално дека сме разочарани. Не се надевавме на ваква трка. Мислам дека нашиот потенцијал е поголем“, вели Лоув.
Фото: ЕПА