Top Sport

Бугарија со победа во 95. минута над Казахстан (видео)

Бугарија го совлада Казахстан во пријателски меч благодарение на голот на Николај Бадуров во 95. минута од натпреварот во Фелчут, Унгарија.

Тимот на Петар Хубчев дојде во водство во 25. минута од мечот преку гол од пенал на фудбалерот на Рубин Казан, Ивелин Попов, но Казахстанците, кои на својата клупа имаат уште еден бугарски тренер, Станимир Стоилов, се вратија во 55. минута преку голот на Јеркебулан Тунгушбаев.

Финска немаше вакви проблеми и со 5:0 ја совлада Малта.

Scroll to Top