Дебитантот на тимот на Вилијамс, Ленс Строл открива дека животот во Ф1 боксот е „многу досаден“ и дека тоа го изненадило кога пристигнал во спортот.
19-годишниот Строл сега има 19 трки во Ф1 во шампионатот со различен успех – од деби подиумот во Баку до двата судири во првите две трки од сезоната. Тој вели дека очекувал гламур во боксот, но наишол на „жива досада“.
„Навистина е досадно во боксот. Нема ништо возбудливо таму. Сè е само за тркањето, само се движиш. Како возач немаш време за забава. Или барем имав погрешна претстава“, вели Строл.