Top Sport

Супер Иџе и во Чешка: Македонецот победи со рекорд на патеката

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе го освои првото место на трката „Еко Хомо Штернберг“ во Чешка. Тој во групата три беше најбрз, постави рекорд на патеката во првото возење и на крајот го освои првото место. Ова е уште еден фантастичен резултат за Иџе оваа сезона.

Иџе Стефановски со својот автомобил „Hyundai i30 TCR“ стигна прв на целта со време од 3:18.159, пред Австриецот Ханес Зенц (3:18.748), а третата позиција му припадна на домашниот возач Мартин Јерман (3:20.894).

 

Scroll to Top