Top Sport

Светскиот првак му се извини на Колапинто

Ландо Норис, актуелниот светски шампион во Формула 1, имаше фрустрирачки викенд во Азербејџан.

Возеше лошо и ја заврши трката по контактот и грешката што ја наорави Франко Колапинто на финишот од трката, што го налути Британецот кој вози за Мекларен.

По трката рече дека „Колапинто е недостоен за возач на Формула 1 и треба да биде исклучен од барем една трка“.

Кога страстите се смирија, Ландо ја испушти топката и му се извини на Колапинто, кој ќе биде казнет со десет секунди на следната трка во Малезија.

„Му испратив извинување на Франко за моите коментари. Бев многу емотивен, но тоа не е изговор. Знам колку грешки сум направил во текот на мојата кариера и знам дека тоа секогаш е дел од трките. Франко и јас се сложувавме добро. Сè уште сме пријатели и едвај чекам повторно да се тркам“, напиша Норис.

Следната трка во шампионатот е закажана за недела, 4 октомври во Малезија.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');