Top Sport

Светскиот шампион Маркез на операција на рамото

Шесткратниот Мото ГП шампион, Марк Маркез бил на операција на рамото во Барселона во средата, потврди неговиот тим Репсол Хонда. Мото ГП сезоната заврши во Валенсија на 17 ноември, кога Маркез стигна до 12-тата победа во доминантната сезона.

„Откако почувствува неудобност во десното рамо и по падот на тестот во Херез во понеделникот, Марк Маркез се реши на превентивна операција по медицинските консултации. Операцијата е слична на таа која се направи на левото рамо на крајот на 2018, но помалку агресивна“, се вели во соопштението на тимот.

Маркез, кој следната година ќе биде клупски колега со својот помлад брат Алекс во фабричкиот тим на Хонда, ќе биде пуштен од болница во следните 48 часа.

Scroll to Top