Top Sport

„Пеколно партнерство“ Суарез-Меси – еден поништен и два дозволени гола за пола час (видео)

Партнерството Лео Меси-Луис Суарез е „пеколно“ во секоја прилика, а тоа најдобро успеаја да го вкусат фудбалерите на Борусија Дортмунд во брзите четири минути од првото полувреме во петтото коло на ЛШ.

Прво, во 21. минута, ВАР го поништи голот на Суарез по додавањето на Меси поради офсајд, но осум минути подоцна, повторно по асистенција на Меси, Суарез не згреши. Само четири минути подоцна, повторно по проигрување Суарез-Меси, Аргентинецот најде простор да го совлада Бирки.

Scroll to Top