Top Sport

Тед Бјерк е новиот ВТЦЦ шампион

Шведскиот ас на „Полстар сајан рејсинг“, Тед Бјерк ја освои светската туринг титула (ВТЦЦ) со третото место на главната трка во Доха Катар, додека последната победа од сезоната отиде кај Естебан Гериери во Хонда.

За 36-годишниот Бјерк ова е прва титула во кариерата, и до неа дојде без притисок на патеката Лосаил, откако главниот ривал, Унгарецот Норберт Михелис беше само осми со Хонда.

„Навистина неверојатно. Апсолутно лудило! Ви благодарам на сите“ , им порача новиот шампион на своите колеги во боксот.

Бјерк го „презеде“ второто место од колегата во Волво, Ники Катсбург откако Михелис на почетокот на трката надомести неколку места, но на крајот, Швеѓанецот му ја врати позицијата на клупскиот колега, бидејќи и со четвртото место ја освои титулата со 31.5 поени предност пред Михелиз.

Со овој резултат, Волво ја запечати и титулата кај конструкторите, а за Хонда остана утехата на деби победата на Аргентинецот Гериери со нивниот тим.

Scroll to Top