Top Sport

Пизаро ќе го позајми гласот за филм на Дизни (видео)

Откако има само четири настапи за Келн оваа сезона, перуанскиот напаѓач Клаудио Пизаро си побара нова „занимација“.

39-годишниот Пизаро ќе го позајми својот глас во германската верзија на последниот филм на Дизни, „Коко“, во која се раскажува приказната за мексиканско момче кое заминува на друг свет за време на фестивалот „Денот на мртвите“. Пизаро ќе има улога на скелет кој сака само да гледа фудбалски меч.

„Кога од Дизни побараа да го позајмам гласот за ‘Коко’, веднаш кажав да. Филмот е многу смешен, но и емотивен“, вели Пизаро.

Scroll to Top