Шпанскиот мотоциклист Алекс Ринс се здоби со тешка повреда на спринт трката во пресрет на Големата награда на Италија.
Возачот на Репсол Хонда, Алекс Ринс мораше да биде префрлен со хеликоптер во болница во Фиренца, а се здоби со скршеница на тибијата и фибулата на десната нога, потврди лекарската комисија на шампионатот.
Ринс падна во осмиот свиок на патеката Муџело за време на четвртиот круг и по прегледот кој му беше извршен на патеката, тој мораше да биде префрлен со хеликоптер во болница во Фиренца, каде што беа потврдени скршениците и сега треба да чека на операција.
Возачот на Лука Чекинело Рејсинг Тим нема да може да се натпреварува на ГН на Германија и Холандија, а ќе видиме дали ќе пропушти уште една трка.