Top Sport

Тежок инцидент на Кевин Магнусен на трката во Мексико

Сериозен инцидент се случи на трката за Големата награда на Мексико во кој учествуваше возачот на Хаас, Кевин Магнусен.

Данецот во 33-от круг ја загуби контролата над болидот и удри во ѕидот, при што нанесе голема штета на болидот на Хас.

Кога излезе од болидот, беше видно потресен, а на стјуардите им требаше долго време да го изгаснат автомобилот чии заден дел беше во пламен.

На организаторите на трката им требаше долго време за да ја донесат одлуката за прекин на трката, бидејќи пред тоа решија да имаат виртуелно безбедносно возило.

Поради овој инцидент, трката во Мексико беше прекината, па продолжи со нов старт по 20 минути.

Scroll to Top